ФОТО: Оваа приказна го разгневи светот - еве зошто

 

Верувале или не, двегодишниот Ченг Чинг од Кина е зависен од алкохол. Ченг Ченг своето прво шише пиво го испил пред да наполни една година. Сега ова момче од кинеската провинција Анхуеј плаче за алкохол, а родителите се обидуваат да го навикнат на млеко и безалкохолни пијалаци.

За прв пат Ченг пробал алкохол на десет месеци, а секако сето ова предизвика бура не гативни реакции за неговите родители. 

Неговите родители и роднини се смеат на сметка на љубовта на Ченг кон алкохолот.

-Се започна кога тој беше бебе и кога татко му му даде малку вино за да престане да плаче, тврди извор близок до семејството.

Секогаш кога некој од членовите на неговото семејство пие алкохол, тој бара да му се даде и на него.

-Понекогаш толку многу силно плаче што немаме друг избор освен да му дадеме малку вино, раскажува неговата мајка.

Социјалните служби размислуваат дали треба тие да ја преземат грижата врз него.

25.06.2014 - 10:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега