Ужасно: Имала секс покрај леш па си правела селфи со него!

 

Ужасна случка го потресе светот. Верувале или не, проститутка од Манчестер имала секс покрај леш, а потоа си правела селфи со него.

Се работи за 23-годишната Кристи Едмонсон која заедно со 25-годишниот Кристофер е осомничена за убиството на мажот. Парот покрај лешот имал секс, се забавувал, а потоа и направил селфи фотографија. Покрај безживотното тело на несреќниот маж живееле дури две недели.

Имено, полицијата го открила овој бизарен случај откако соседите на проститутката се пожалиле дека во нејзиниот стан постојано има галама и дека се шири неподнослива миризба. Според податоците од полицијата, парот го убил мажот со преголема доза хероин. Девојката се бранела дека иако не изгледа така таа всушност се плашела од трупот и не знаела што да направи со него.

- Не изгледа можеби така, но бев исплашена. Партнерот уби некој пред мене и мирече дека и двајцата ќе одиме во затвор ако се дознае. Не знаев што да правам, вели таа.

Според обвинителството, најверојатно мотив за убиството било тоа што Кристофер сакал да го ограби несреќниот маж.

 

24.06.2014 - 15:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега