ФОТО: Ова е детето поради кои Роналдо направи "лузни" на главата
Кристијано Роналдо е познат по своите фудбалски способности, но и по своите бројни добротворни дела, а едно од нив е и она за кое деновиве се крена голема прашина и за кое доби бројни негативни коментари. Имено, Роналдо направи лузни на главата кои сите ги искритикуваа, но позади неговата нова фризура лежи трогателна приказна за мало болно детенце.
Родителите на едногодишниот Ерик Ортиз Круз, кој има заболување на мозокот, не можеа сами да ги платат трошоците за операцијата. Кристијано чул за неговиот случај и побара од него да го стави својот дрес на аукција, а парите што ќе ги добие да ги донира за Ерик. Сепак, Роналдо одлучи веднаш да уплати 50.000€ потребни за операцијата, па во знак за поддршка, ги направи и лузните на главата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа