Колку пари се потребни за да се биде “богат”?
Се е до перцепцијата, но оваа анкета дава слика за тоа колку пари би ги направиле луѓето да се чувствуваат како припадници на “богатата класа”.
1000 анкетирани Американци дали различни одговори на прашањњето, па сумата е движи од 10 илјади до 4 милиони годишно за да се чувствуваат богати.
75% од испитанците сметаат дека најверојатно никогаш нема да станат богати, додека 20% веруваат дека тоа е донекаде можно.
Меѓу домаќинствата кои прават 25 илјади долари годишно, луѓето се изјасниле дека им се потребни 293 илјади годишно за да бидат богати.
Домаќинствата кои заработуваат од 30 до 60 илјади годишно тоа чувство би им го обезбедиле 394 илјади долари.
Оние што прават меѓу 60 и 120 илјади би се сметале за богати ако заработуваат по 426 илјади долари годишно.
Оние 15% од испитаниците кои прават над 120 илјади долари во годината би се сметале за богати ако прават по половина милион.
Заклучокот е очигледен: колку повеќе заработувате толку повеќе пари ви се потребни за да се сметате за богати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа