Презентација на резултатите од истражувањето за вработување лица со попреченост
Резултатите од истражувањето во рамки на Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост ќе бидат презентирани денеска во Скопје.
Целта на истражувањето, спроведено од здружението „Конект“ е да обезбеди информации за потенцијалите и можностите за зголемување на вработувањето на лицата со попреченост во приватниот сектор.
На презентацијата поканети се претставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, бизнис заедницата, како и претставници од здруженијата на лица со попреченост.
Проектот им помага на лицата со попреченост да се вклучат во општеството преку подобрување на нивните вештини за вработување со обуки за пишување на резиме и подготовка за интервју за работа, им нуди можности за практикантско ангажирање, како и работилници за како да започнат со сопствен бизнис. Проектот е наменет за лицата со попреченост од полошкиот, скопскиот и северо-источниот регион од Македонија и е имплементиран од “Моја кариера” во Скопје, во партнерство со „Хендимак” во Тетово и „Порака наша” во Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа