Совет: Во вода само 10 минути
Многу родители се прашуваат дали да тргнат на летување со бебе или да остнат дома. Педијатрите сметаат дека бебе од неколку месеци е подготвено за одмор на море.
Производството на меланин кај бебе се уште не е воспоставена, па намалена е заштитата од УВ зрачењето, затоа на море посебно треба да се внимава на негата и заштитата на детската кожа.
БЕЗ ДИРЕКТНО ИЗЛОЖУВАЊЕ
Прво и најважно е да се одбегнува директно изложување на сонце, а треба да се внимава и на рефлексното зрачење. Ниту на сенка бебето не е заштитено, затоа што сончевите зраци се рефлектираат од песокот, водата, бетонот. Затоа многу е важно во периодот од 11 до 16 часот бебето да биде на ладно место или во соба.
НА ДВА МЕСЕЦИ ВО БАЗЕН
Според педијатрите, ако сте на море со бебе помало од два месеца многу еризично да го капете во море, бидејќи водата за толку мали бебиња не е доволно топла. Базените со солена или слатка вода се подобра опција, затоа што водата во нив добро се загрева и се на дофат на раката за често разладување. Тие треба да бидат во дебела ладовина.
КОЛКУ ДОЛГО ВО ВОДА
Колку бебето смее да остане во вода? Важно е да се следите реакциите надетето. Ако бебето почне да се тресе и усните му станат сини, треба да гоизвадите од вода и да го обвиткате во крпа да се згрее. Многу бебиња уживаат во капењето во море, но сепак тоа не треба да биде подолго од десет минути. По капењето морската сол треба да се измие од бебешата кожа со слатка вода. Ако сте се одлучиле за капење во базен, исто така задолжително е туширањето по капењето, бидејќи водата во базенот е хлорирана, па може да ја оштети чувствителната кожа на бебето.
ПРВА СРЕДБА СО МОРЕТО
Првпат на море детето можеби ќе се исплаши од вревата и брановите, па ќе одбива да влезе во вода. Немојте да правите ништо со сила, туку обидете се да го наговорите детето прво да ги намокри нозете или да седне во плиткото. Кога детето малку ќе се навикне на водата и на нејзината температура, полека посипувајте му вода, односно наквасете му ги и останатите делови од телото. Кај вас ќе се чувствува посигурно и полесно ќе сеопушти, а кога ќе видите дека се адаптирало на вода и дека таа му годи, ставете го во безбедна гума.
Извор: Мајка и дете
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа