Кој е Џeри Наумоф - новиот министеер во Владата на Груевски

 

Џери Наумоф е предложен за нов министер без ресор. Тој има меѓународно искуство и работел во повеќе реномирани компании. Џери Наумоф го завршил своето образование на Колеџот за бизнис маркетинг и бизнис администрација при Универзитетот Ball State University, 1980 година во Индијана.

Основач и претседател е на „Наумоф Груп ИНК.“ во Чикаго, Илиноис, консултантска компанија за управување со тотален ризик, која започнала со работа во 1993 година.

Наумоф Групацијата е дел од алијансата на експерти на Employee Benefits, Pension, Human Resource, Executive Wealth Management and Commercial Business Insurance. Оваа алијанса вклучува пет партнери кои менаџираат над 200 компании од различни индустрии во Соединетите Американси Држави, претставувајќи над 50 милиони долари на премии од осигурување и други 100 милиони долари од пензиски средства под управување.

Наумоф ги раководел надоместоците за вработените (работење во САД) од некои од светските топ компании, „Публицис Груп“, Париз (една од најдобрите 3 маркетинг компании во светот), „Ројал Банк“ на Канада, Торонто (најголемата банка во Канада), „Севн Ворлдвајд“, Лондон (продадена во 2003).

Бизнис кариерата на Џери Наумоф започнала во 1980 година како претставник на групно и пензиско осигурување во Индијанаполис, Индијана, за „Грејт Вест Лајф“, 30-тата најголема осигурителна компанија во светот.

Првите две години Џери ја добил наградата Груп 200 за реализација на 200% од неговите поставени цели за продажба.

Во 1983 година бил унапреден во Виш претставник во Филаделфија, Пенсилванија. Во 1985 година постанал Регионален менаџер во Чикаго на „Линколн Нешнл Груп“, 5-та најголема осигурителна компанија во САД.

Освоил две национални награди како Канцеларија/Работа на годината базирана на нов бизнис развој и профит. Потоа бил избран во елитниот „Советодавен совет на Претседателот“. Во 1990 година Џери станал Извршен потпретседател на „Месиров Фајненшнл“, трета најголема финансиска брокерска консултантска компанија во Чикаго.

По водењето на компанијата за продажба веднаш бил регрутиран од „Тилман и Филипини“, рангирана во топ 1% од компаниите за менаџмент на ризик во САД со цел да биде нивен Управен директор.

За време на неговата кариера, тој бил автор на неколку статии во „Бизнис Иншуранс“ кои се однесуваат на реформите во здравството и самоосигурувањето, а исто така држел предавања и на работилници на клучни извршни директори на Градежната Индустрија Чикаго, однесувајќи се на 24-часовно управување со ризик. Исто така, започнал една од првите веб апликации за човечки ресурси, наречена „Комуникаре“, која подоцна била купена во 2002 година од АДП.

Како дел од неговото континуирано образование, тој завршил две пост-дипломски студии на Американското здружение за менаџмент (American Management Association) (управување со продажба и наука на бихејвиоризам) и на Temple University (склучување договори за директен медицински провајдер).

Џери учествуваше во двегодишна програма за лидерство на ниво на главни извршни директори организирана од Вистаж (Vistage), светска мрежа на професионални советодавни групи на еднакво ниво и е член на Унион Лигата Чикаго, која е прогласена за број 1 приватен градски клуб во САД.

Од 2001 до 2007 година тој и неговиот партнер Крис Ставроф, со група на американски инвеститори ја започнаа НСР Интернешенал, ДОО (д.б.а. Пелагонија). Тие увезуваа минерална вода со приватна етикета од Европа и има некои добро познати клиенти во САД како Крогер (Атланта), една од светски најпознатите трговци на мало со продавници за прехранбени артикли, Хајат Риџенси Скотсдејл Ризорт и Спа (Аризона), едно од најдобро рангираните места за одмор во земјата и Вестин хотел (Чикаго).

Последните неколку години Џери насочи еден од неговите клиенти да ја префрли работата за развој на ИТ во Македонија и работи со уште еден клиент за префрлање на работата со CAD инженерство (дизајн со помош на компјутер) исто така во Македонија. Неодамна, Сенаторот на САД (Илиноис), Марк Кирк, го покани Наумоф да биде дел од неговиот Европски советодавен одбор како претставник на македонско-американската заедница во областа на Чикаго.

Наумоф порасна во Колумбус, Охајо, во големо македонско емигрантско семејство по потекло од Ѓавато. Тој работел на различни позиции во ресторанот на неговото семејство од најмала возраст, па се до колеџ. Тој и неговата сопруга Луан се во брак 30 години и имаат шест деца, од кои две се посвоени од домот за деца без родители во Битола

најчитано сега