Млекото е одличен лек за стресот - една чаша ќе го избрише напорниот ден

 

Млекото е одличен лек за бришење на последиците од стресот, а германските научници докажаа дека редовното пиење на чаша топло млеко пред спиење го одмара мозокот и го подобрува вашето здравје.

Германското истражување покажало дека фосфолипидите во млекото се вистински благослов за луѓето под стрес. 

 

Иако многумина сметаат дека млекото поради маснотиите и предизвикувањето алергии треба да се избегнува, научниците сепак го препорачуваат. 

Истражувачите од универзитетот Триер докажаа дека пиењето млеко дава рамнотежа и ги враќа когнитивните способности, кои се загрозени под стрес. 

Затоа чаша млеко пред спиење го „брише“ тешкиот ден, го олеснува сонот и придонесува за подобро здравје. 

 

23.06.2014 - 10:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега