ФОТО: Поп ги шокираше сите - Сакам жени, борење, брзи автомобили и мотори!
Отец Хорхе Мануел Гевара Корона служи во парохијата во градот Гвадалупе и ја шокираше јавноста со своите изјави. Овој свештеник на својот профил на Фејсбук отворено призна дека „сака брзи автомобили и мотори, убави жени, борење и јагоди“, што предизвика бура негативни реакции.
Веднаш по доаѓањето во својата нова црква отец Хорхе на Фејсбук објави фотографија на секси девојка со коментарот „Ммммм, мамасита“. По ова, следеа коментари на негови пријатели кои напишаа дека никогаш нема да се промени, на што тој одговори: „Амин“. Потоа гордо се фотографирал лежејќи на своето црно „ауди“. Легнал на хаубата и насмеано позирал со коментар „засекогаш среќен“. Сето ова ги згрозило сите негови Фејсбук пријатели.
Потпаролот на црквата изјавил: „Веруваме дека неговата љубов кон жените е израз на Божјата семоќност во тоа да ги направи толку убави. Но тој е свештеник во целибат и се држи до заветот“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа