За десеттина дена нов потпорен ѕид на градинката „Кочо Рацин“
Нов потпорен ѕид на градинката „Кочо Рацин“ – клон Панорама се очекува да биде изграден за десеттина дена, најавува Општина Центар.
Моментно се работи на расчистување на остатоците од потпорниот ѕид кој се урна во четвртокот, во раните утрински часови.
- Надлежните ќе пристапат кон кршење на остатоците од ѕидот. , Комплетно ќе се урне и делот што е напукнат и веднаш ќе се пристапи кон изградба на нов, армиран потпорен ѕид со појаки темели. Ако се оди според планираното и согласно временските услови, санацијата ќе биде извршена за десеттина дена, соопшти Општината.
Општина Центар веќе стапи во контакт со Катедрата за геомеханика при Градежниот Факултет во Скопје, за да се изработи студија за геомеханичката стабилност на областа Тасино Чешмиче, а од ИЗИС ќе се побара анализа за носивоста и за живоста на земјиштето.
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа