Приказната која го запали интернетот: Со 40 години орелот го бира патот кон смртта или ново, но болно раѓање

 

Митот за орлот кој кружи на интернет стар речиси колку што и постои оваа моќна птица, се пренесувал од колено на колено како симболично би се објаснило созревањето на човекот. Во тоа време човекот живеел во многу повеќе согласност со природата, а стареењето, животот и смртта, можел тогаш да ја објасни само со митови и легенди. 

Според оваој мит, орелот е моќна птица која живее речиси колку и човекот, но само доколку го мине патот на болна смрт и повторно раѓање. Не е поинаку ниту со човекот. Некаде околу четириесетите години од животот, ако не и порано, и орелот и човекот одлучива по кој пат ќе тргне. Кон прерана смрт или втор живот како што Бог им наменил. 

Орелот го има најдолгиот животен век меѓу птиците. Може да доживее и 70 години. Но, за да ја доживее оваа старост тој мора да донесе тешка одлука. Кога ќе наполни 40 години, неговите долги и еластични канџи не можат повеќе да го ловат пленот, кој му служи за храна. Неговиот остар и долг клун се извитјува. Неговите стари и тешки крила, поради збиените перја, се лепат за градите, што му го оневозможува летот. 

 

Тогаш на орелот му преостануваат две опции - или да умре или да мине болен процес кој трае 150 дена. Тој процес бара од орелот да одлета на врвот на планината и да седне во гнездото. Тука тој со клунот ќе чука во камен се додека не му отпадне. Откако ќе му отпадне, ќе чека да му израсне нов клун, па тогаш со то да ги отстрани канџите. Кога ќе му израснат и нови канџи, тој почнува да ги клука своите стари и тешки перја. 

Откако ќе помине овој процес долг околу пет месеци, тој ќе полета во лет на повторно раѓање и ќе живее уште 30 години.

Митот за орелот говори за промените кои се случуваат кај секој од нас во одредена животна доба.

Многупати за да преживееме мораме да го започнеме процесот на промени. Треба да се реѓиме од некои стари сеќавања, штетни навики и лошата околина. Еднаш ослободени од бремето на минатото, и засилени со верата можеме да ја искористиме на подобар начин сегашноста. 

20.06.2014 - 18:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега