Режисерот на „Рамбо“ е Македонец!

 

Малкумина знаат дека идејниот творец на легендарниот ветеран-одметник Рамбо е Тед Кочев, режисер и продуцент со богата биографија, чии родители емигрирале во Канада во 20-те години на минатиот век, пишува дневниот весник Дневник.

Вилијам Теодор Кочев денес има 83 години (роден е на 7 април 1931 година) и сж уште работи во филмската индустрија. Во својата биографија пишува дека е Македонец и по мајка и по татко. Во моментов како продуцент го подготвува новиот филм „1066“ што в година планира да го снима во Велс. Дипломира на отсекот за англиска литература на Универзитетот во Торонто. Веднаш му се придружил на тимот на Канадската корпорација за радиодифузија, во период кога телевизијата била во почеток. Кочев бил најмладиот директор во канадската радиодифузија, каде што работел две години на шоуа во театарот „Џенерал моторс“. Во 1958 година заминал од Канада за да живее и работи во Велика Британија. Денес Кочев живее во Беверли Хилс заедно со сопругата Лајфун и двете деца Александра и Томас. Тој има три деца од претходниот брак со британската актерка Силвија Кеј, која играла во неколку негови проекти.

Неговиот потпис стои на култниот класик „Животот на врвот“, филмот „Невообичаена храброст“(Унцоммон Валор) во кој играат Џин Хекман и Патрик Свејзи, филм што се вбројува меѓу најголемите драми за Виетнамската војна. А „Норт Далас Форти“ со Ник Нолти во главната улога, се смета за еден од најдобрите спортски филмови на сите времиња.

За филмот „Стажирањето на Дуди Кравиц“ во 1974 година освои „Златна мечка“ во Берлин. Токму со тој филм, славниот актер Ричард Драјфус се вивна во ѕвездите.

- Повеќето од приказните што ги работам ги засегаат луѓето што не се познаваат себеси – нагласува Кочев.

- Кога го избрав Силвестер за улогата, работевме заедно на сценариото. Тој има многу силна популистичка смисла. Дури снимавме, имавме добра идеја за што е филмот, но го напишавме крајот на неколку начини, имавме можеби 16 верзии, додека не ни текна ликот на полковникот да го убие. И кога не можеше тоа да го направи, Рамбо извршува харикири. Тоа е „алтернативен крај“ што може да се види на некое од дивидијата. Откако ја снимивме таа сцена, Силвестер ми пријде и ми рече дека ликот што ти не прошол - скока од карпи, го рануваат, кучиња го јадат - и сега да го убиеме? На публиката нема да ч се допадне тоа. Никој што ќе се реши да го дистрибуира, нема да сака да умре на крајот. И беше во право. Смешно беше што продуцентот не беше среќен со идејата. Ми вели дека веќе се согласивме да биде самоубиствена мисија, не смееме да го спасиме – вели Кочев.

Го замолил да му верува, сепак направиле тест-снимање со верзија во која Рамбо умира.

- Првото тест-снимање го имавме во предградие на Лас Вегас и дотогаш публиката не реагирала така, викаа од што им се допаѓаше филмот, но кога дојде сцената со харикирито, реакцијата се смени. Некој стана и рече: ако режисерот е во салата, нека се појави да го обесиме на првата бандера. Ја грабнав жена ми и побегнавме – се смее Кочев.

Со таа одлука Кочев стана главен виновник и за долгиот живот на Џон Рамбо на филмското платно, кој доживеа уште три продолженија.

20.06.2014 - 11:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега