Што се случи на судењето за Ореше за кое денеска се уапсени 9 лица

По петгодишен судски спор, Велешкиот Суд, на 29. март оваа година, поради немање докази ги ослободи браќата Ордан и Лупчо Ѓоргиевски, како и Ѓоре Петровски, од обвинението за платено убиството на 74-годишниот Лазар Милошевски од Ореше.

Судот во Велес, претходно два пати ги осуди браќата Ѓоргиевски на 12 години затвор, додека пак Апелацискиот суд од Скопје, поради недостаток на докази, го враќаше случајот на повторно разгледување. Првообвинетиот Ѓоре Петровски беше екстрадиран од Флорида,САД во Македонија поради обвинение дека го нарачал и платил убиството.

Судскиот процес го измени текот откако заштитетниот сведок ја измени претходно дадената изјава дека браќата се извршители на убиството.

Рано утринава, МВР приведе девет лица, меѓу кои и поранешен судија, адвокат и новинар, во врска со откривање идентитет на заштитен сведок во овој случај.

најчитано сега