ФОТО: Детенце дошло на гробот на татка си - погледнете што пронашло

 

Гино Валентин го посетил гробот на својот татко на Денот на татковците, и тогаш се случило нешто што ова мало момченце ќе го памети целиот живот. Имено, таткото на ова детенце го загубил животот во 2010 година, а кога неговото синче отишло на неговиот гроб, добило подарок кој никогаш нема да го заборави.

Детенцето напишало порака за својот татко, а пред да ја остави забележало бело плико на гробот за него.

- Поздрав сине, фала што дојде да ме посњтиш на Денот на татковците. Знам дека не се сеќаваш убаво на мене бидејќи имаше три години кога јас починав, но сепак јас секој ден од небото ве гледам тебе, мајка ти , баба и дедо...Иако ти мене не ме гледаш, знам се за тебе, знам дека си добар ученик. Некогаш кога си нервозен те слушам како зборуваш нешта кои не се убави и кажуваш пцовки...немој да го правиш тоа повеќе. Сакам да те видам, но кога еднаш ќе дојдеме на небото не ни е дозволено да се симнеме. Затоа ти го оставам писмово. Многу ми недостигаш...стоело во писмото.

Детенцето овој необичен спомен од татка си решло да си го однесе дома.

19.06.2014 - 12:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега