Девојки внимавајте: Еве какви проблеми можат да ви создадат високите потпетици
Технологијата наречена "pedCAT" претставува посебен вид на рендгенски снимки кој во Америка доби дозвола за употреба од Министерството за медицина. Според ова, проблемите кои можат да се појават кај жените кои често носат високи потпетици е скратување и здебелување на Ахиловата тетива, поради што подоцна ќе им биде прилично болно да одат боси или да носат рамни чевли. Исто така може да дојде до воспаление на тетивата, приклештување на нервите и деформитети.
"Модата секако ќе победи, поради тоа сметаме дека најпаметно е барем да се одржува некаков баланс при носењето високи потпетици. Немојте да ги носите секојдневно и поштедете го своето стапало од непотребно страдање", тврди д-р. Алан Блок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа