„Средба на првиот со најдобрите“ во Драмски театар
Tрадиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ која е дел од програмските активности на Градот Скопје во сферата на образованието, денеска ќе се одржи во Драмски театар..
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на 24 матуранти првенци на генерацијата од 21 скопско средно училиште ќе им врачи специјални признанија и парични награди во висина од 20.000,00 денари.
На манифестацијата ќе настапат Димитар Андоновски и Симона Поповска, добитничка на наградата за најдобар дебитант на фестивалот „Макфест 2014“.
„Средба на првиот со најдобрите“ е организирана од Дирекцијата за култура и уметност на Скопје на иницијатива на Секторот за образование, со цел поширока јавна промоција и афирмација на врвните постигнувања на средношколците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа