Се враќа автентичниот изглед на старата штипска населба Ново Село
Во штипско Ново Село почна обновата на улицата „Крсте Мисирков“. Директорот на ЈП „Стипион“, Тони Јовев вели дека за разлика од останатите реконструкции на улиците во градот на оваа улица низ старата штипска насеба ќе се постави коцка.
- Површината на улицата е 2000 м/2, а вкупната инвестиција се проценува на околу 1,5 милиона денари. Инаку заштеда во реконстуркцијата е тоа што се користи извадената коцка од булеварот „Партизанска“ кон населбата „Баби“, каде што е во тек обнова на околу 460 метри од локалниот пат, вели Јовев, пренесе МИА.
Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов истакна дека со поставување на коцката на улицата „Крсте Мисирков“ се заокружува еден дел од активностите за обновата на старата штипска населба Ново Село, каде што во тек е изградба на црква кај местото „Јаворот“, а во тек е и реконструкцијата на куќата на Андонци, која државата ја купи со цел да ја направи Музеј.
Со поставувањето на коцката низ улицата која е во централниот дел на Ново Село од новиот ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип до „Јаворот“ ќе се зачува автентичниот изглед на оваа населба, во која се родени голем број на историски личности од Штип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа