Вугринец најдобар играч на Балканот

 

Новиот македонски репрезентативец Ренато Вугринец за оваа сезона е најдобриот играч на Балканот. Вугринец поред мислењето на новинарите од шест земји и посетителите на Balkan-Handball.com, кои во голем број учествуваа во анкетата одигра фантастична сезона и беше најдобар.

Вугринец воодушеви со своите партии во дресот на Металург, со кој стигна до ТОП 8 во ЕХФ Лигата на шампионите, но и до второто место на листата на најдобрите стрелци.

Новиот македонски репрезентативец собра вкупно 57 гласови, седум повеќе од средниот бек на Вардар Игор Карачиќ и 14 повеќе од неговиот клупски колега, голманот Дарко Станиќ

18.06.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега