Молела за помош на Фејсбук додека татко и умирал - потресна приказна со среќен крај

 

Оваа приказна од Западна Вирџинија го потресе светот. 10-годишната Бријана Венс му го спасила животот на својот татко кој бил под рушевини, барајќи помош на социјалната мрежа Фејсбук.

Во текот на страшното невреме кое се одвивало на 10 јуни, гром го срушил дрвото во нејзиниот двор, и паднало врз нејзинито татко по име Грегориј кој во моментот седел надвор со пријатели. Паметното девојче се сетило како да му помогне на татка си. Таа плачејќи побарала помош на Фејсбук.

- Гром ни го сруши дрвото во двор, татко ми е под него со пријателите и речиси е мртов. Ве молам јавете се во Брза помош ако имате сигнал. Ве молам, рекло девојчето и видеото за помош го закачило на Фејсбук.

Наскоро стигнало возило на Брза помош кое го спасило и однело нејзиниот татко во болница.

- Бријана е прав херој. Навистина е паметна. Добро што се сетила на Фејсбукот. Секоја чест, велат роднините и пријателите на семејството.

 

17.06.2014 - 12:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега