Суровата вистина за купечкиот сладолед

 

Штом доаѓа лето, веднаш помислуваме на освежителен сладолед, но не ни помислуваме што се содржи сладоледот. Составен дел на летните освежувачи се штетни состојки, кои се појавуваат под името „таинствени Е-броеви“ како вештачките ароми, засладувачите за вкус, боите и синтетичките засладувачи, емулгаторите, средствата за згуснување и разните адитиви кои се поврзуваат со водата за да создадат ситни кристали од лед.

Најчестите оправдувања на произведувачите на сладоледи се: Да штетни се, но тоа се дозволени и многу мали количини. Колку и да се мали тие количини, сепак се отрови, а сладоледот го консумираме и по неколку пати на ден. 

ALDEHID C-17 – Се користи за подобрување на вкусот кај сладолед од вишна. Се работи за течност која се користи за анилински бои, пластика и гуми.

AMIL ACETAT – Со оваа хемикалија се постигнува вештачки вкус на банана. Се користи како растворувач за мрсни бои.

BENZIL ACETAT – Се користи за добивање вештачки вкус на јагода. Воедно е и нитро разредувач.

BUTIRALDEHID – се користи за подобрување на вкусот кај сладолед од лешник и една од состојките за гумен цемент. 

ETIL ACETAT – За постигнување на вештачки вкус на ананас, но и се користи како средство за чистење кожни материјали и други ткаенини. Оваа состојка може да предизвика хронични оштетувања на градниот кош, црниот дроб и срцето.

PIPERONAL – Се користи за вештачка арома на ванила, но и за убивање вошки.

Извор: Идивиди

17.06.2014 - 11:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега