Уште новитети во скопски Аеродром

 

Во Општина Аеродром во тек е изградба на нови пешачки патеки, кои ќе им го олеснат движењето на граѓаните во општината и ќе придонесат за нејзин развој и разубавување.

Имено, во тек се градежни активности за изградба на нови пешачки патеки, и тоа: од бул. „АВНОЈ“ бр. 26 до ул. „Васко Карангелевски“ во должина од 81 метри; две пешачки патеки на ул. „Владимир Комаров“ бр. 15, во должина од 100 метри и кај детската градинка Срничка“ клон „Црвенкапа“, во должина од околу 60 метри.

Исто така, во тек е изградба на нови пешачки патеки во Реонски центар „Аеродром“во вкупна должина од околу еден километар.

Со изградбата на пешачките патеки Општина Аеродром продолжува со предвидената динамика да ја подобрува состојбата на постојните патеки, како и изградба на нови пешачки патеки на нејзина територија.

 

 

16.06.2014 - 14:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега