По 15 Македонци дневно добиваат мозочен удар
Годишно 4000 лица во Македонија страдаат од мозочен удар, објави Сител. Брзото темпо на живот со многу стрес е една од причините драстично да се зголеми бројот на граѓани со излив последната декада. Ова заболување станува сериозен здравствен и социјален проблем. На клиниката за Неврологија секоја година се третираат околу 2000 пациенти. Во моментот се хоспитализирани над 80 болни. Поради наглите промени на времето последните 2 недели нема слободен болнички кревет. Едни заминуваат други доаѓаат. Меѓу пациентите има и млади на 30 години и трудници. Токму бремените жени и лицата со висок притисок се под најголем ризик за излив во мозокот.
-На помлада возраст повеќе се зафатени жените од мажите,посебно жените во трудничкиот период, вели за Сител д-р Игор Кузмановски, директор на Клиниката за Неврологија.
Колку порано на пациентот му се пружи лекарска помош толку се поголеми и шансите за преживување. За да нема сериозни последици од ударот болниот навреме мора да биде донесен на Неврологија да му извршат снимања за да може да се аплицира соодветна тромболична терапија.
-Но бројни фактори се важни за да таа биде аплицирана пред се затоа што се аплицира во првите 4,5 часа од почетокот на мозочниот удар. Треба да се обезбеди да пациентите пристигнат на нашата клиника да се изврши брза и целосна дијагностика за ад се утврди можноста за апликација тој вида на третман. Со тој третман се постигнува редукција на инвалидитетот значи пациентот со со слабост на едната страна од телото може со часови да се подобри и да се врати во нормала, а и на пациентот со запушен голем крвен сад може ад му се спаси неговиот живот, додава директорот на Клиниката за Неврологија д-р Кузмановски.
Од неодамна на Клиниката со набавката на нови апарати значително е подобрена дијагностиката на мозочните удари.
-Во смисол на детекција на бројот на емболуси што запушуваат крвни садови и со тоа се помага многу во одлуката колку и каква терапија ќе се примени кај пациентите со мозочни удари, рече д-р Кузмановски, прв човек на Клиниката за Неврологија.
Во крајна фаза е и центарот за Мозочни удари на неврологија, а на почетокот на летото Клиниката ќе добие и компјутерски томограф за да тука веднаш се снимаат пациентите со мозочен удар и ако е потребно на лице место да им се тромболична терапија за да се спасат, пишува Сител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа