Косовец стои зад грабежот на „Спорт лајф“ во Чаир
28 годишниот Р.Н. од косовското село Режанце си заработи кривична пријава и осумдневен притвор, откако лани ја ограбил обложувалницата „Спорт лајф“ во скопски Чаир.
Според информациите од МВР, Р.Н. ја ограбил обложувалницата на крајот од минатата година. Тој успеал да провали во „Спорт лајф“ среде ноќ. Оттаму украл два ЛЦД телевизори и еден мобилен.
Полицијата спровела истрага и успеала да го открие крадецот преку пронајдените отпечатоци. Р.Н. сеуште негира дека ја ограбил обложувалницата.
Против Р.Н. во последните три години се поднесени три кривични пријави за тешки кражби.
13.06.2014 - 13:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа