Не верувајте на скопјанка која си го продава Мерцедесот

 

45 годишната скопјанка А.З. си заработи кривична пријава бидејќи фалсификувала купопродажен договор за поскапо да го продаде нејзиниот „Мерцедес“.

Скопјанката во февруари годинава успеала да го убеди прилепчанецот Р.М. да го купи нејзиниот „МЕрцедес“, иако во купопродажниот договор напишала дека автомобилот е произведен во 2008, наместо во 2006 година. Наместо да се радува на новиот „Мерцедес“, наивниот А.З. доживеал шок кога сакал да направи пренос на сопственост на возилото и да добие нова сообраќајна дозвола и регистерски таблички. Вработен во Станицата за технички преглед Авто мото друштво „Прилепец“ го известил прилепчанецот дека според нивната евиденција автомобилот е произведен во 2006 година. 

13.06.2014 - 12:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега