Ограбен стан во скопски Аердром
Засега непознат сторител, вчера го ограбил станот на 40 годишниот К.Б., лоциран на булеварот „Јане Сандански“ во скопски Аеродром.
Според информациите од полицијата, крадецот употребил подесен клуч за да влезе во станот. Натрапникот успеал да го пронајде богатството и си заминал со 2.000 денари и разновиден златен накит вреден 210.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
13.06.2014 - 11:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа