Необични близначиња - второто се родило по цели 24 дена!
35-годишната Линдалва Да Силва годинава во месец февруари на свет донела две близначиња, но едното го родила по цели 24 дена!
-Едниот е роден во зина, другиот во пролет, изјави гордата мајка.
Постариот Александар е роден со тежина од само 735 грама. По неговото раѓање, лекарите и рекле на Линдалва и нејзиниот сопруг Роналдо дека бебето има 50 отсто шанса да преживее. Иако другото бебе останало во стомакот на мајката, таа немала контракции. Потоа, 24 дена по раѓањето на првиот син на ред дошло и второто породување.
Ваков случај на одвоено раѓање на близанци е многу редок и се јавува кај бебиња кои се сместени во одвоени постелки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа