Бучковски формира партија: Немам комплекс да коалицирам со ВМРО-ДПМНЕ
Состојбите во СДСМ ја менуваат македонската политчка карта. Хаосот на Бихаќка отвора простор за нови партии на македонската политчка сцена. По некогаш Јакимовски кој промоцијата на својата партија ја најавува за во среда, кон крајот на наредниот месец, нов политчки субјект ќе промовира и поранешниот претседател на СДСМ, Владо Бучковски.
„Јас сум убеден дека, и за нашата, но знаејќи го Стевчо убеден сум дека ќе направи сериозна политчка партија. Имајќи го тоа во предвид ние уште од сега ги приближуваме платформите и оставаме простор во иднина да соработуваме. И во таква комбинација, јас сум убеден дека тоа ќе биде не силна трета опција туку единствената можна опција која би бовела до промена на власта“ - коментира Бучковски
Тој вели дека неговата партија нема да има проблем ниту да ја критикува актуелната власт, ниту пак да соработува со неа доколку се најдат заеднички точки.
„Ние ќе бидеме дел од власта. Кој од едната или другата во овој момент голема политичка групација ќе биде поблиску до реализирање на целите за кои ние се залагаме со тие ќе правиме коалиција. Јас немам никаков комплекс. Во овој момент ние настапуваме самостојно, со сериозни шанси, со Стевчо Јакимовски, со Либералната партија, со други независни поединци кои покажаа исклучително добри резултати на последните избори, со дел од помалите партии, со здруженија со обични граѓани, со дел од малдите луѓе кои до сега не биле во афрмирани во јавноста да направиме една сериозна коалиција што мислам дека ќе претендира да биде најдобрата опција на следните парламентарни избори“ - дециден е Бучковски
Екс претседателот на СДСМ не сака да шпекулира со евентуални имиња кои би решиле да го соблечат социјалдемократскиот дрес. Наспроти него, извори блиски до Стевчо јакимовски веќе најавуваат дека во среда, над 500 сини партиски книшки ќе се најдат во корпа за отпадоци.
Бучковски својата нова партија во која веќе се профилирани Минчо Јорданов и Љпчо Зиков најави дека ќе ја формира во периодот меѓу 17 и 20 јуни.