Поддршка за воспоставување Парламентарно собрание на ЈИЕ

 

Претседателите и потпретседателите на Парламентите учеснички на 10. Конференција на претседателите на ПСЈИЕ истакнаа дека ја поддржуваат идејата за воспоставување Паламентарно собрание, а некои од нив сметаат дека проширувањето на ЕУ не е запрено и оти парламентите треба да имаат проактивна улога во решањето на економската криза.

Претседателот на Националниот совет на Словенија Митја Бервар на обраќањето на 10. Конференција на претседателите на Парламентите на ПСЈИЕ истакна дека ЕУ останува на патот на проширувањето. 

- Фактот дека Хрватска влегува во ЕУ на 1 јули, и покрај економската криза, покажува дека новите земји се добредојдени доколку тие целосно ги исполнат критериумите за пристапување, рече тој истакнувајќи дека Словенија ги поддржува процесите и има намера да го продолжи тоа со зајакнување на добрососедските односи во поширокиот регион и други форми на мултилатерална соработка.

Националните парламенти, смета Бервар, мора да учествуваат проактивно во формулацијата и имплементацијата на економските и социјалните реформи. 

Претседателот на хрватскиот парламент Јосип Леко истакна дека Хрватска покажува дека промени се можни и дека напредокот во развој на општеството и државата сепак може да се оствари ако целите се јасни и мотивирачки. Ја сподели подготвеноста на својата земја за споделување на искуството за влез во ЕУ. – Иако и ЕУ се наоѓа во потешкотии, пред се од финансиска природа, сметаме дека и натаму нашиот економски потенцијал со влезот во ЕУ ќе се зголемува и оти ќе ги искористиме можностите што ќе ни се отворат на пазарот на ЕУ, рече Леко. Кризата, вели тој, ќе ја победиме со зголемена меѓусебна соработка и трговска размена.

Турција го поддржува заедничкото Парламентарно собрание и е подготвена да даде секаков придонес за нејзино основање, изјави претседателот на турското Големо национално собрание Џемил Чичек. Во врска со разговорите меѓу Скопје и Атина, за стабилноста на Балканот посакуваме што поскоро да се реши спорот. Го поздрави договорот што е потпишан меѓу Белград и Приштина и истакна дека тој ќе придонесе за мир како на Балканот така и пошироко. Чичек смета дека Косово треба да учествува и во Процесот, но со формулација како што е договорено меѓу Косово и Србија.

Поддршка за учество на Косово во иницијативата искажа и претставникот на Албанија, Фатос Беја.

Бугарскиот претседател на Парламентот Михаил Миков истака дека за да се почуствуваат бенефициите од регионалната соработа има бројни можности, кои вклучуваат заедничко учество и застапување на светските инвестициски форуми и како и интензивирање на напорите во регионот пред странските инвеститори.

- Сметам дека неекономските форми на соработка се исто така важни затоа што тие претставуваат знак за добрососедски односи и имаат додадена вредност во создавањето на добра бизнис клима и бизнис односи, изјави Миков.

Тој рече дека Бугарија понудила модел за генералниот секретаријат на идното Парламентарно собрание. 

Претседателот на српскиот Парламент Небојша Стефановиќ, како и неговите колеги претходно, го поддржа влезот на Хрватска во ЕУ и ја потенцира важноста од парламентарна соработка.

најчитано сега