ВИДЕО: На Ноле му се слоши - Србинот повраќаше во финалето на Ролан Гарос
Здравствените проблеми влијаеа на падот на концентрацијата, ритамот и поразот на Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос, иако српскиот тенисер не сакаше да ја истакне мачнината како главна причина за поразот!
Како што првично пренесе агенцијата АП, Ѓоковиќ по добиениот прв сет, почнал да го плаќа данокот на вруќината, поради кој очигледно и повраќал.
„Повраќав и тоа не еднаш него повеќе пати. Нешто во последните четири, пет дена се случуваше. Така беше и против Гулбис“, откри Ѓоковиќ на конференцијата за новинари и додаде:
„Можеби има и психолошки аспект, емоциите влијаеа на состојбата на мојот стомак. Не сакам да зборувам за тоа, затоа што сега ќе испадне дека барам изговор“, изјавил Ѓоковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа