Тесно на полувреме против Грција - Македонија мора повеќе
Тесно на полувремето во баражот за пласман на Светското првенство во Катар кој нашите репрезентативци го играат против Грција во Атина. 13:12 за Македонија ерезултатот по првите 30 минути. Најефикасен во нашиот тим беше Дејан Манасков со 5 гола. Столе Стоилов за половина полувреме, колку што беше во игра постигна 3 гола. На голот блескаше Борко Ристовски кој имаше 10 одбрани.
Капитенот Кире Лазаров постигна само 2 гола, од кои еден од пенал.
Во текот на целите 30 минути забележителна е разликата во квалитетот, но нашите ракометари никако да се одлепат. Максималното водство кое го имавме во неколку наврати беше 2 разлика.
Ова е прв од двата меча против Грција. Вториот се игра на 15 јуни во 20 часот во Спортскиот центар Борис Трајковски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа