Дознајте што сè го уништува имунитетот

 

Вирусите и бактериите не се единствените фактори кои го нарушуваат нашиот имунитет. Напротив, многу работи кои го сочинуваат вашето секојдневие можат штетно да влијаат врз имунитетот, кој е клучен во одбрана од разни болести. Заради тоа добро е да знаете што сè му претставува закана.

Пуканки за во микробранова печка

Ова веројатно никогаш не би го очекувале, но пуканките наменети за во микробранова печка може да ви го нарушат имунитетот. Тие содржат хемикалии кои служат маста да не се провлекува низ кесичката додека пуканките се печат. Токму тие хемикалии можат да го нарушаат имунитетот, па заради тоа ваквите пуканки не се препорачуваат.

Садови

На модерните садови кои ги сакаме, не се лепи храната и лесно е да се исчистат, а всушност и тие претставуваат закана за здравјето бидејќи содржат хемикалии кои спречуваат храната да се залепи за дното. Тие хемикалии, баш како и оние од кесичките со пуканки, се штетни за човечкиот организам и може да го нарушат имунитетот. Таквите садови особено се штетни за жените бидејќи влијаат на хормоналната рамнотежа.

Осаменост

Повеќе истражувања покажуваат дека осаменоста лошо влијае на здравјето и го слабее имунитетот. Се верува дека тоа е така затоа што луѓето по природа се друштвени суштества и доколку им недостасува квалитетен човечки контакт, се јавуваат процеси во мозокот кои поттикнуваат претерано лачење на лоши хормони, оние кои го слабеат имунитетот.

Конзервирана храна

Сигурно веќе знаете дека конзервираната храна не е најздравата опција, но малкумина знаат дека истата лошо влијае врз имунитетот. Станува збор за разните хемикалии кои се наоѓаат во конзервираната храна, кои влијаат на нормалното функционирање на имунилошкиот систем.

Антибактериски сапун

Едно американско истражување покажало дека децата кои користат антибактериски сапун се посклони кон разни алергии. Научниците сметаат дека таквите сапуни влијаат на ослабување на имунитетот.

Инсектициди

Било какви инсектициди кои служат за уништување на разните инсекти кои се појавуваат во домот се штетни за нашето здравје. Колку и да бидат рекламирани како здрави, односно без штетни нуспојави за луѓето, сите содржат разни хемикалии, а истите го слабеат имунитетот. Интересен е фактот што истражувањата покажуваат дека тоа најчесто им се случува на жените.

Извор: Идивиди

05.06.2014 - 19:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега