Со години лажела дека има рак - еве зошто

 

Мајка на пет дечиња со години лажела дека има рак. Се работи за 31-годишната Алиса Џексон од Америка која ги убедила сите дека има рак во петтиот стадиум и дека итно и треба помош, а причината за да го направи тоа, било тоа што сакала на "полесен" начин да собере пари.

Луѓето се кренале на нозе за да  и помогнат. Креирале Фејсбук група за поддршка, собрале околу 35.000 долари, а потоа откриле дека се работи за голема измама. Мајката била забележана како трча по своето куче и се забавува со него, што секако не може да го направи човек кој има рак во тој стадиум. 

Откако измамата била откриена, мајката преколнувала да не се разгласува за тоа бидејќи не сака да оди во затвор.

Па така, оваа жена ги измамила сите кои несебично и пружиле рака за помош.

05.06.2014 - 15:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега