Вардар со вајлд-карта директно во ракометната ЛШ
Ракометната федерација на Македонија испрати барање до Европската ракометна федерација вицепрвакот Вардар да добие вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите за следната сезоната. Со ова и на Вардар би му се овозможило директно учество во елитното натпреварување, без да учествува во квалификациската фаза.
Шампион на Македонија е Металург, кој со тоа е наш сигурен претставник во ЛШ, а РФМ прави напори, втора година по ред во машкиот дел од Лигата на шампионите да настапуваат двата најдобри македонски ракометни колектива. ЕХФ одлуката дали Вардар ќе добие специјална покана, ќе ја донесе до крајот на месецов.
Ракометарите на Вардар минатата сезона имаа впечатлива улога во Лигата на шампионите, каде што стигнаа до четврт-финалето, а таму беа елиминирани од Фленсбург, кој во неделата ја освои европската титула.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа