Проблеми за Португалија: Роналдо повреден
Фудбалска федерација на Португалија објави дека најдобриот играч на оваа земја, Кристијано Роналдо има проблеми со старата повреда на лигаментите на левото колено.
Додека селекцијата на Португалија се подготвува за Светското првенство во Бразил, покрај Роналдо под посебен тренинг процес и третман се и неговиот клупски колега Пепе, потоа Раул Миралеш и голманот Бенто, кои тренираат одвоено.
Португалија Мундијалот во Бразил ќе го започне на 16 јуни во дуел против Германија, во рамките на групата Г во која за противници ќе ги има и селекциите на САД и Гана
04.06.2014 - 21:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа