Има ли граници? - сега ЕУ ќе ни кажува и какво кафе да вариме!
Со усвојувањето на голем број на правилници за заштеда на електрична енергија, во ЕУ на ред дојде и упатството за користењето на апаратите за домаќинство за подготвување на кафе.
Дали на овој начин ЕУ сака да ги превоспита своите граѓани останува да се види во иднина.
Во Германија медиумите на големо пишуваат дека ЕУ сака да ја ограничи потрошувачката на правосмукалките, аспираторите, а сега еве на ред дојдоа и апаратите за кафе.
Тамошните медиуми пренесуваат дека ваквите чекори на ЕУ засега се мали, но во иднина ќе имаат големо влијание и незадоволство кај европјаните, бидејќи се чувствуаат како да некои од бирократите сака да им влезе во домот и да им управува со нивниот начин на живеење.
Ваквото бирократско однесување од страна на ЕУ се чини како да нема граници. Но најмногу заплашува тоа што граѓаните едноставно преку своето молчење ги аминува ваквите замиски на европската влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа