ВИДЕО: Силувана позната актерка - „Ги затворив очите и се преправав дека спијам“
Ана Лин Мекорд ѕвездата од серијата „90210“ пред шест години била жртва на силување. Злочинот се случил во Лос Анџелес, во нејзиниот стан. Ана била нападната од тогаш нејзин пријател.
„Бев во голем шок, не можев да се поместам, затворив очи и се преправав дека спијам. Се прашував дали направив нешто со кое го натерав на ваков потег. Се плашев да не го налутам на некој начин“, вели Ана.
Ана Лин која во 2011 година се забавувала со Доминик Пурцер, додала дека била исплашена да се брани, но во еден момент собрала сили и му рекла да престане.
Години потоа, глумицата се борела со депресија, која ја навела на самоубиство. По прекинот на врската Ана се обидела да се убие. Таа испила цело шишенце со таблеи, но за среќа сестра и на време ја открила и ја спасила.
Мажот кој ја нападнал Ана по неколку години го сретнала во еден клуб.
„Му пријдов и сакав да разговараме. Го прашав „Знаеш ли што се случи?“. Ми одговори дека не знае за што зборувам“.
Подоцна дознала дека напаѓачот на сите им раскажувал за тоа како таа била заљубена во него, и дека се што се случило меѓу нив двајца било на обострано одобрување.
Ана Лин Мекорд подоцна во серијата „90210“ глумела жртва на сулување. Била повеќе од убедлива. Многумина ја фалеле нејзината глума, а не знаеле дека таа тоа го доживеала и во реалноста. Долго читала, а потоа сватила дека нејзиниот глас е нејзината сила. Сега својата приказна ја сподели и со останатите жртви, покажувајќи им на кој начин да се изборат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа