Три трика како да се ослободите од главоболките за 60 секунди

 

Главоболката е најчеста непријатна појава која многу брзо може да не исфрли од такт. Причините за главоболка како и интезитетот на болката се различни, а пред да посегнете по таблета пробајте ги овие три ефикасни трика за кои ви е потребна само една минута.

Дрвено моливче

Кога сме нервозни, напнати и под стрес, често потсвесно ги стискаме забите, со што ги напнуваме мускулите кои се поврзани со нашата вилица и слепоочницата, што резултира со главоболка. За да го спречите тоа, едноставно гризнете дрвено моливче, што ќе оневозможи да проработат мускулите на вилицата и ќе ги опуштите, со што ќе ги спречите болките.

Нана

Ако имате проблем со синусите и алергиите, масирајте го челото со помош на етерично масло од Нана. Во дланките ставете малку маслиново уље и неколку капки од ова етерично масло. Со прстите измешајте и нанесете на челото, на подрачјето на носот и слепоочницата и со кружни потези масирајте го лицето околу една минута а по желба можете и повеќе.

Акупресура

 

Акупресурата е древна техника која со помош на одредени точки на телото може да ја ублажи или пак целосно да ги реши бројните тегоби. Пронајдете го местото на горниот дел од дланката каде што се соединуваат коските на показалецот и палецот. Притиснете и со бавни движења, три до четири круга во минута масирајте го местото во траење од неколку минути.

02.06.2014 - 18:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега