Како се менува вагината со текот на годините

 

Како и сите други делови на телото и вагината се менува со текот на годините.

Популарниот доктор Оз открива што би требало да знаете за вагината и за нејзините промени по 40. година од животот, а токму тоа може да ви помогне за одржување на среќен и здрав сексуален живот.

Чистење на вагиналните ѕидови

Во 20-тите и 30-тите години вагиналните ѕидови „пливаат“ во хормоните што ги прави силни и цврсти. Меѓутоа, во 40. година, нивото на естроген постепено опаѓа. Овој феномен предизвикува ѕидовите да стануваат помалку еластични и повеќе ранливи. Затоа, почесто доаѓа до воспаленија или повреди за време на сексот.

Чистењето на вагиналните ѕидови лесно може да се провери со огледало. Силна розова боја укажува на здраво вагинално ткиво, а бледа или многу светла боја може да упатува на кревка вагина. Ако сметате дека имате проблем, советувајте се со вашиот гинеколог.

Овој проблем се третира со креми со естроген или таблети што може да се вметнат директно во вагината.

 

Вагинална атрофија

Намаленото ниво на естроген може да предизвика намалување на вагиналната слузница, што резултира со стеснување на отворот на вагината. Во овој случај, болката може да се случи за време на почетната пенетрација, но често исчезнува откако пенисот целосно ќе навлезе.

Вагиналната атрофија можат да се третира со вагинален дилататор, кој е достапен во различни големини и дебелини и на тој начин ќе ја подобрите еластичноста на вагината. Третманот вклучува пет минути секојдневна употреба на дилататор со лубрикант. Но, секако треба да се консултирате со лекар. И редовниот секс помага да се задржи вашата вагина во добра форма, а исто така може да ви помогнат и Кегел вежбите.

Несакани ефекти на лекови

 

 

Многу вообичаени лекови, како што се пилулите за контрацепција и антидепресивите може да предизвикаат сувост на вагината, којa инаку се појавува по 40. година поради недостаток на естроген. Ниско либидо е вториот проблем кој може да биде предизвикан со лекови. Во случај на сувост може да помогнат различни лубриканти базирани на масло или вода.

Извор: Попара

02.06.2014 - 14:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега