Македонската полиција бара волонтери

Министерството за внатрешни работи објави оглас преку кој бара 40 кандидати за волонтирање во текот на летниот период од 15 јуни до  15 септември годинава.  На огласот,  во наредните пет дена може да аплицираат  студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните и економските студии.

Потребни се 25 волонтери-студенти од правните  и безбедносните студии,  од кои 15 ќе бидат ангажирани во седиштето на Министерството за внатрешни работи, по 2 во  секторите за внатрешни работи во Битола и во Велес, и по 1 во секторите во Скопје, Куманово, Тетово, Охрид, Струмица и Штип. Од економски студии се бараат 13 волонтери, од кои тројца во седиштето на МВР, по двајца секторите во Велес и во Битола, и по 1 во секторите во Скопје, Куманово, Тетово, Охрид, Струмица и Штип. За волонтерска работа во седиштето на Министерството за внатрешни работи се бараат 2 волонтери, студенти на електро-технички факултет или природно-математички факултет- информатика.

Заинтересираните кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање треба да приложат уредна документација која треба да содржи: потврда за статусот на студентот од високообразовната институција на која што кандидатот студира, мотивациско писмо, кратка биографија со податоци за контакт (телефонски број и адреса на живеење). За  волонтирање во седиштето на Министерството за внатрешни работи и во Секторот за внатрешни работи – Скопје потребните документи треба да се достават во писарницата на МВР (ул .„Димче Мирчев“ бр.9, Скопје), а за во секторите за внатрешни работи  во Битола, Велес, Куманово, Тетово, Штип, Струмица и Охрид, во писарниците на тие сектори.

Селекцијата на кандидатите ќе ја врши Комисија формирана од министерот за внатрешни работи. 

02.06.2014 - 13:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега