Нема спас од лошото време: Еве до кога ќе врне

Ни оваа работна недела нема да изостане променливото време. Понеделник го започнавме дел со сончево време (охридско преспански регион), а дел со врнежливо време. Во текот на вечерта ќе има тренд на намалување на облачноста над земјава, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, Метеопро.

Вторник ќе биде за околу 2°С - 3°С потопол во однос на понеделник. Максималната температура низ котлините генерално ќе биде во границите од 22°С до 26°С. Денотќе започне со мала облачност и повеќе сончеви периоди. Но, попладне и вечер на повеќе места во земјава ќе има зголемување на облачноста и појава на дожд.

Во среда температурата ќе биде нешто пониска во однос на вторник, и ќе достигме максимална вредност во границите од 20°С до 24°С. Денот ќе помине во претежно облачно време со повремен дожд.

Четврток носи потопло време и „скок“ на температурата за околу 4°С во однос на среда. Максималната вредност на температурата на воздухот ќе биде во границите помеѓу 24°С и 29°С. Претпладнето ќе биде претежно сончево, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност, односно развој на облаци кои ќе донесат краткотраен дожд и грмежи.

Услови за појава на локална нестабилност ќе има и во петок попладне. Температурата ќе биде слична на онаа од четврток.

02.06.2014 - 11:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега