Во петок неработен ден - до крајот на годината уште 7 неработни денови

Петок, 6 јуни е неработен ден за сите граѓани од православна веросиповед. Согласно програмата на Минситерството за труд и социјална политика за неработни денови оваа година, во петок, православните ќе го слават денот пред Духовден. Тоа ќе биде единствениот праник во месец јуни. Во јули на 28ми, по повод Рамазан Бајрам, големиот празник на муслиманските верници, нема да се работи понеделникот и тоа ќе биде слободен ден за сите граѓани на Македонија. Следниот празни е дури во Август. Еве ги сите неработни денови до крајот на годината. 

 

За сите граѓани на РМ

• 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

• 02 август (сабота), Ден на Републиката

• 08 септември (понеделник), Ден на независноста

• 11 октомври (сабота), Ден на народното востание

• 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци

• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

02.06.2014 - 10:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега