Повредата го оддалечи Роналдо од СП во Бразил

 

Настапот на најдобриот фудбалер на планетата Кристијано Роналдо, на престојниот Мундијал е ставен под знак прашалник поради  повреда на коленото. 

Извесно е дека Роналдо нема да ги изгра пријателските мечеви за Португалија се со санирање на повредата. 

Повредата Роналдо ја влече уште пред финалниот меч во ЛШ, а сега состојбата била влошена. Тој е во составот на репрезентацијата, но сепак тренира во специјални услови одвоени од неговите репрезентативни колеги. 

Јасно е дека Роналдо нема да остане дома, напротив и да не може да настапи ќе патува со тимот во Бразил, а дали ќе игра или не останува да се види.

31.05.2014 - 11:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега