Ви мирисаат стапалата? - Еве како да го решите проблемот

 

Непријатниот мирис на стапалата кога еднаш ќе започне продолжува да се шири и по другите чевли. Тоа се должи на фактот што и најелегантната обувка преставува подлога за размножување на бактерии, кои го создаваат непријатниот мирис.

Еве, неколку совети кои ќе ви помогнат да го спречите.

1. Одржувајте ги стапалата суви

Најдобриот начин на превенција е да ги одржувате стапалата суви. По банањето темелно со крпа избришете ги стапалата, особено во пределот меѓу прстите. Потоа нанесете пудра која ќе им овозможи на стапалата да останат и понатака суви.

2. Носете чорапи

Носете чорапи кога ќе можете затоа што чорапите ја абсорбираат потта која стапалата ја создаваат.

3. Подгответе ги чевлите

Ставете бебешка пудра или некоја од специјалните пудри против непријатен мирис на стапалата, во внатрешноста на чевлите. Исто така, доколку ги чувате чевлите во затворен простор извадете ги надвор за да се проветруваат.

30.05.2014 - 21:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега