Матуранти со среќа! - утре се полага мајчин јазик

Матурантите утре започнуваат со полагањето на Државната матура. Во текот на утрешниот ден се полага мајчин јазик, а на 11-ти следат полагањата за учениците кои избрале англиски, француски, германски или руски јазик.  Потоа, на 13-ти ќе се полага математика, естетика и филозофија, а на 16-ти ќе се одржат испитите по хемија, физика, биологија, историја и бизнис. За ова денеска информираше министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

-Прелеминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна до 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит и овие резултати се конечни за кандидатите кои нема да приговараат. Доколку кандидатот смета дека е направена грешка во оценувањето на испитните задачи, во пресметувањето на бројот на бодовите или во изведување на оценката, може да достави приговор во рок од два дена по нивното објавување. На овие кандидати, конечните резултати ќе им бидат достапни по завршување на процесот на приговори, рече министерот.

Вкупно 18.370 пријавени кандидати во оваа учебна година се дел од седмата генерација на средношколци кои полагаат државна матура како услов за продолжување на образованието.

 

30.05.2014 - 12:43
Фото: 
а1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега