ВРЕМЕ: Попладне силен дожд грмежи и ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне на места се уште ќе врне дожд кој ќе престанува во текот на денот, а попладне ќе има појава на ретки грмежи, посебно на крајниот исток каде што ќе има поинтензивни врнежи и краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер претежно долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне можни се повремени врнежи од дожд, а попладне ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

30.05.2014 - 00:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега