Десет причини зошто да јадете јагоди
Сите знаеме дека се вкусни и јасно ни е дека сите ги обожаваме. А, откако ќе ги откриете нивните здравствени предности, ќе ги засакате уште повеќе.
Почетокот на јуни е сезоната на јагодите, оние вкусните, домашни, па затоа не ги пропуштајте додека се свежи. Еве зошто:
1. Го зајакнуваат имунитетот и богати се со витамин Ц, кој ве штити од инфекции.
2. Ги спречуваат срцевите заболувања така што се богати со флавоноиди и антиоксиданси кои се борат против лошиот холестерол.
3. Богати се со влакна, заради кои лесно го регулираат нивото на шеќер во крвта.
4. Сиромашни се со калории, па многу лесно ја намалуваат телесната тежина, а ве одржуваат сити.
5. Големото присуство на фолна киселина помага во развојот на бебето и ги спречува проблемите при породувањето, што значи препорачливи се за сите трудници.
6. Одлични се за зајакнување на коските заради магнезиумот, калиумот и минералите кои ги содржат.
7. Фолната киселина, витаминот B5 и B6 го спречуваат губењето на косата.
8. Две до три порции јагоди неделно го одложуваат стареењето на мозокот и го подобруваат памтењето.
9. Имаат антивоспалително дејство и ја ублажуваат болката во телото.
10. Полни се со антиканцерогени материи.
29.05.2014 - 20:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа