Добредојдовте во рајот на земјата: 1200 евра плата, месечна кирија 900 денари
1200 евра месечно е просечната плата која ја земаат жителите на малото градче на југот од Шпанија во Андалузија, Мариналеада. Доколку сакате да изнјмите стан под кирија за тоа месечно ќе треба да одвоите само 15 евра. Градоначлникот на местото со кое се протега на 25 километри квадратни и во кое живеат 2700 жители вели дека воопшто нема потреба од полиција, бидјеќи таму, воопшто нема криминал.
Целиот град на располагање има бесплатен интернет а жителите можат бесплатно да ги користат двата фудбалски терени, игралиштата за тенис и кошарка како и оние за сквош и одбојка. Бесплатно е и користењето на базенот. Доколку некој жител реши да гради куќа, од градот добива архитект кој за него работи бесплатно, а не се плаќаат ниту работниците кои се задолжени за изградбата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа