Советниците дискутираа за безбедноста во општина Ѓорче Петров
За безбедносната состојба во Ѓорче Петров по убиството на младиот Ангел Петковски се дикутираше на денешната 20. седница на Советот на оваа општина.
Во соработка со МВР ќе се утврдат дополнителни мерки кои треба да се преземат за одржување на стабилна и безбедносна состојба на подрачјето на Ѓорче Петров.
На седницата беше истакната потребата од зголемување на меѓуопштинската соработка со Сарај и формирање безбедносно тело во кое ќе бидат вклучени двете општини со цел надминување на состојбите и намалување на тензијата од меѓуетнички карактер.
Советниците се согласија да се преземаат поригорозни санкции против прекршителите на јавниот ред и мир и побараа поголемо присуство на полицијата на јавните места.
На седницата присуствуваше и командирот на ПС „Ѓорче Петров“ Горан Однакозов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа