Тина Тарнер имала мозочен удар
Легендарната пејачка Тина Тарнер (74) имала благ мозочен удар додека била во својата куќа во Швајцарија. Нејзиниот возач изјавил дека таа релативно брзо се опоравива и дека ќе биде добро.
- На добар пат е брзо да се опорави, открил нејзиниот возач и соработник Алберт Б. (58).
Во февруари годинава се пишуваше дека Тина имала мозочен удар додека одмарала во својата куќа во Швајцарија, но тогаш таа информација беше демантирана. Изјавено беше дека таа имала само грип. Минатата година „рок бабата“ се омажи за долгогодишниот партнер во дворец на езерото Цирих. Венчавката ја прослави со будистички ритуал во Швајцарија пред 120 гости. Парот се запозна во 1986 година во Германија кога Тина беше на турнеја
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа