Трајановски: Екипите се на терен - брзо ќе се справиме со кризата
Пред малку заврши вонредниот состанок на Оперативното тело на Град Скопје за справување со непогоди, на кој присусвтвуваа сите директори на јавните претпријатија, претставниците на екипите за спасување, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и министерот за транспорт и врски,Миле Јанакиески.
Градоначалникот Трајановски за Сител вели дека на состанокот биле дефинирани сите критични точки во градот Скопје и екипите за спасување веќе се на терен, каде ги излекуваат граѓаните и автомобилите кои беа заглавени во поплавата која вечерва ја зафати метрополата.
Како најјкритични точки, Трајановски ги посочи булеварот под Стоковната куќа мост, каде има поплавени автомобили, како и Крњево и булеварот „Киро Глигоров“, каде водата навлегла во подрумските простории на куќите. Поплавата предизвикала проблеми и на бул. „Кочо Рацин“ како и на подвозникот кој води кон Пржино.
- Сите расположливи средства, луѓе, цистрерни и пумпи се на терен. Очекуваме брзо да се справиме со оваа криза, рече градоначалникот во изјава за Сител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа